По сознанието дека децата од воените подрачја во Украина се носат во Русија, што доведе до обвинението на Меѓународниот кривичен суд против Владимир Путин, првиот човек на белорускиот Црвен крст призна дека и тие учествувале во ова заради „подобрување на здравјето“ на децата.
Украинските деца од областите под контрола на Русија биле пренесувани, освен во Русија, и во Белорусија. Оваа информација, која ја потврди Црвениот крст на Белорусија, предизвика гнев кај меѓународната заедница.
За потсетување, случајот со украинските деца кои беа однесени од воените области во Русија го потресе светот, а за него се разговараше и во Обединетите нации. Токму овој пренесување на деца од Украина во Русија, беше повод Меѓународниот кривичен суд во март годинава да покрене обвинение против Владимир Путин и да издаде налог за негово апсење. под обвинението е и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова.
Судиите во Хаг рекоа дека нашле „разумна основа да веруваат“ дека двајцата се одговорни за воените злосторства за незаконска депортација на деца и незаконски трансфер на деца од окупираните територии на Украина во Русија.
Москва енергично ги отфрли ваквите обвинувања. Тие признаа дека голем број деца биле однесени во Русија на опоравување, но се појавија и информации дека некои од тие деца биле посвоени од семејства во Русија.
Сега по изјавата на шефот на белорускиот Црвен крст за државната телевизија во оваа земја, стана познато дека и Минск активно учествувал во трансферот на деца, пренесуваат медиумите.
Пратениците во Европскиот парламент пред три дена го повикаа Меѓународниот кривичен суд да го разгледа налогот за апсење на белорускиот претседател Александар Лукашенко.