Големо невреме вечерва го зафати и Нови Сад, а во мал дел од градот нема струја, додека силниот ветер урива се пред себе.
На социјалните мрежи корисниците објавуваат видеа од невремето како тресе дрвја, сообраќајни знаци, превртува се што ќе му се најде на патот.
Силен ветер вечерва собори кран во Нови Сад, кој од силината на невремето падна врз зградата. Кранот при падот оштетил три околни згради. Според српските медиуми, нема повредени.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде ново итно предупредување за следните два часа на подрачјето на Белград.