More

    Ново силно невреме за 15 минути уништи цели кампови во Истра

    spot_img

    Во Хрватска започна ново силно невреме, снимки од апокалиптичните сцени ги преплавија социјалните мрежи. Во Пореч има огромен црн облак кој го „проголта“ овој приморски град.

     

    За Загреб најлошото помина, фронтот сега стигна до источниот дел на Хрватска силно невреме во моментов беснее особено околу Бјеловар, но и на Кварнерските острови!

    Силно невреме со грмотевици слично на она од пред два дена го погоди Загреб и околината. За разлика од средата, ураганските ветрови изостанаа. Но, дојде до нови штети. Дрво и кабли за струја паднаа на Бијеник.

     

    Силното невреме  го опустоши истарски Новиград. За само 15 минути невремето собори околу 200 дрвја, уништен е кампот Сирена, оштетувања имало и во кампот Лагуна, оштетени се бројни автомобили и камп приколки, дрвја во градот паднале врз црквата, уништени се паркови.

     

    Невидено невреме што го погоди попладнево овој дел од Хрватска за само 15 минути упредизвика огромна материјална штета, но за среќа нема повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img