На 20.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување на разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе соодветна пријава.
Сектор за односи со јавност и протокол