More

    Дрон се урна во близина на Вроцлав во Полска

    spot_img

    Во близина на населбата Тшебјењ кај Вроцлав на југот на Полска е пронајден беспилотен авион, најверојатно американски воен дрон, кој се урна во шума, а истрагата ја води Воената жандармерија, јавуваат полските медиуми.

    Падот на дронот го пријавил Полјак кој се движел во близина, а пожарникарите, полицијата и воената полиција набрзо во шумата пронашле летало без екипаж со распон на крилата од 8 метри.

    „Еден маж пријавил дека видел нешто како паѓа, можеби мал авион, можеби дрон. Противпожарната единица излегла на терен и ја започнала потрагата. Се појавил и претставник на американската армија кој информирал дека објектот е нивен. Го најдоа заедно“, изјави за полската приватна телевизија Полсат Пјотр Пиларчик, портпарол на локалната противпожарна служба.

    Како што рече Пиларчик, станува збор за беспилотно летало чиј пад не загрозил ничиј живот бидејќи се урнал во ненаселено место.

    „Полицијата е информирана, но истрагата е препуштена на Воената жандармерија“, изјави портпаролката на регионалната полиција Ана Кублик-Рошчишевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img