САД бараат да им биде испорачан нивниот војник Травис Кинг кој во вторникот со гласно „ха ха ха“ ја премина границата од Јужна кон Северна Кореја и со тоа ја загрози безбедноста на Корејскиот полуостров, пишува Ројтерс. Според Би-Би-Си Северна Кореја не одговара на повиците на Пентагон.
Настанот доаѓа токму во очи на тројната средба на САД со Јапонија и Јужна Кореја во врска со ситуацијата испадот на Кинг, кој инаку побегнал од воен притвор можеше да направи голем дипломатски скандал.
Северна Кореја рано во средата лансираше две балистички ракети во морето.
Кинг, кој има 23 години, бил задржан во притвор од Јужна Кореја на аеродромот во Инчеон, во близина на Сеул, и бил во процес на протерување кога побегнал.
Откако поминал низ обезбедувањето на аеродромот, тој неочекувано им се придружил на група туристи кои оделе до корејското погранично село, популарно туристичко место во неутралната демилитаризирана зона долга 248 километри.
Официјални лица од Пентагон изјавија дека безбедносните сили на Командата на Обединетите Нации кои ја придружувале групата туристи бркајќи го Кинг, но не можеле да го фатат.
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, за време на прес-конференција во вторникот рече дека Кинг влегол во Северна Кореја „намерно и без овластување“.
– Има многу што сè уште се обидуваме да научиме, но она што го знаеме е дека еден од нашите војници, кој беше на турнеја намерно и без овластување, ја премина воената демаркациона линија – им рече Остин на новинарите на Пентагон.
Остин рече дека Кинг веројатно сега е во притвор во Северна Кореја.
Не е јасно дали Кинг (23), кој требаше да се врати во Форт Блис, Тексас, сака да се врати на американска територија. Тој беше ослободен од двомесечен притвор под обвинение за напад, вклучително и оштетување на полициски автомобил на 10 јули и може да се соочи со дополнителни воени дисциплински дејствија и отпуштање од службата по враќањето во САД, тврди Асошиејтед прес.
Според вујкото на војникот, младиот Кинг „се распаѓал“ психички поради семејна трагедија коај му се случила кога неговиот братучед, син на вујкото починал од ретка генетска болест.
Војникот Кинг од својата блиска фамилија бил опишан како тивок осаменик кој не пиел и не пушел и уживал во читањето на Библијата.