More

    Наскоро почнува урбанизација на локацијата на фабриката „Треска“

    spot_img

    Наскоро почнува урбанизација на локацијата на фабриката „Треска“, најавуваат локалните власти.

    Овој огромен простор во центарот на Скопје долго време важеше за најголема депониja. Се најавува дека објектите ќе бидат со ниска градба приземје и 4 ката, а околу станбените блокови ќе изобилува зеленило, парк, пешачки патеки и безбеден простор за децата.

    – Оваа локација повеќе нема да биде потенцијална опасност за жителите од околните згради. Од самото затворање на фабриката, оваа локација беше потенцијална опасност не само за граѓаните кои живееја до фабриката туку и за сите жители на Скопје. На напуштениот простор многу често избувнуваа пожари, отпадот кој беше во кругот од фабриката нерасчистен стоеше со години, напуштените погони имаа азбесни покриви, сето тоа потенцијално го загрозуваше здравјето на луѓето – најавуваат локалните власти.

    Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски бараа од инвеститорите во комплексот „Треска“ да се изградат објекти од јавен интерес, како и комплексот да има многу зеленило. Во склоп на комплексот ќе има детска градинка, парк како и над 20%  зеленило по градежна парцела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img