Уставни измени, вакви какви што се, под бугарски диктат, и на начин на кој што се доставуваат во парламентот, не само што не се прифатливи, туку Владата со нив дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени, кој не само што не е прифатлив туку можам да кажам дека е тотално неразумен, тотално неразумен, и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Сојузот на стопански комори.
Тој истакна дека на координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги дефинира следните чекори и рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став, кој што е непроменет, дека под овие услови и диктати уставни измени нема да има.
– И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од владата во кој дел од Заклучоците од Советот на Европа, во кој дел на Преговарачката рамка, и во кој дел на Протоколот, овој текст на овие уставни измени е содржан – рече Мицкоски.