За прв пат, холандската влада ќе има повеќе женски отколку машки членови кога Маријел Пол, пратеник на Народната партија за слобода и демократија (ВВД), ќе положи заклетва како министер за основно и средно образование.
Холандија на тој начин ќе стане една од ретките земји каде жените го сочинуваат мнозинството во владата, пишува „NL Times“.
„Секогаш постои ризик таквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не трае. Но, тоа сега не се случува“, изјави Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жену“.
Од групата „Women Inc“ велат дека одлуката да има повеќе женски членови во владата ќе има два ефекта.
„Прво, тие се пример за другите. Девојките и младите жени можеби мислат дека и тие можат да го направат тоа. Второ, како членови на владата жените почесто носат одлуки со кои се промовира родовата еднаквост“, соопштуваат од оваа група.
И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените се уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика. Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраинскиот совет, тоа тело има најмал број женски заменици во последните 12 години.
Покраинските влади во Зеланд и Флеволанд се составени исклучиво од мажи.
Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри ширум светот се жени.