Славното име на Холивуд Брус Вилис се повлекува од светот на актерството по неколку децении кариера, откри неговото семејство.
– Како семејство сакавме да им кажеме на сите оние кои го поддржуваат Брус дека се бори со здравствени проблеми и дека му е дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности – ја започнува изјавата на семејството на актерот, потпишана од неговата сопруга Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур, како и од петте деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел, Евелин.
„Ова е многу предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме благодарни за љубовта, поддршката и сочувството. Ова сакаме да им го кажеме на обожавателите на Брус, бидејќи знаеме колку тој ви значи, како што вие нему. Како што секогаш вели Брус, треба да уживате, а ние планираме да го направиме тоа заедно.“
Кај возрасните, називот афазија се однесува на нарушување на веќе стекнатиот јазик и говор. Афазијата е неможност да се користи јазикот: како таква, таа се манифестира преку сите јазични модалитети: влијае на способноста за слушање и зборување, читање и пишување и не зависи од слухот и видот.
ФОТО: Инстаграм