ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ и ДУИ наместо дипломати од кариера за амбасадори се предлагаат партиски војници.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владата на Димитар Ковачевски со амбасадорски места задоволува коалициски апетити и за амбасадори наместо дипломати од кариера праќа партиски функционери од СДСМ и ДУИ.

– Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ.Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата?- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат и на други примери каде што наместо дипломати од кариера за амбасадори се предлагаат партиски војници.

-За амбасадор во Париз се предлага Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата. За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ. СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството. Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article