Американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон (SSBN) вплови во територијалните води на Јужна Кореја за првпат од осумдесеттите години на минатиот век, изјави денеска Курт Кембел, координатор на Белата куќа за Индо-пацифичкиот регион, со што потврди дека двата сојузника почнале разговори за координиран одговор во случај на нуклеарна војна со Северна Кореја.
Кембел потврди дека посетата на американската делегација е во тек, што се очекуваше по најавата дадена во заедничката декларација за време на самитот меѓу јужнокорејскиот претседател Јун Сук Леол и американскиот претседател Џо Бајден, што се одржа минатата година во Вашингтон.
– Додека, денеска зборуваме, американска нуклеарна подморница влегува во пристаништето Бусан. Тоа е прво пристигнување на американска нуклеарна подморница по повеќе децении – изјави Кембел на брифинг во Сеул, каде што присуствуваше на првите нуклеарни разговори со јужнокорејските власти.