Првиот конвој на силите на Вагнер пристигна во претходно напуштената воена база во Белорусија, а на пат се уште најмалку два конвои, покажа анализата на CNN на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи.
Сателитските снимки од Планет Лабс го покажуваат првиот конвој кој пристигнува во белоруската воена база која со години е празна вчера нешто по 11 часот по локално време. Конвојот се протега по целиот пат од базата до излезот на автопатот. Неполн час подоцна, новата сателитска снимка на компанијата „Ербас“ го прикажува целиот конвој паркиран во базата, пренесува „Хрватски Индекс“.
Си-Ен-Ен можеше да потврди дека возилата им припаѓаат на силите на Вагнер бидејќи неколку возила на сателитската снимка на Ербас се совпаѓаат со оние што се гледаат на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа конвојот, со знамиња на Вагнер, запрен покрај автопатот.
Што е видено?
Конвојот што се гледа на видеото вклучува бројни камиони, големи платформи со булдожери, камиони за ѓубре и комбиња, како и десетици цивилни камиони и автомобили. Си-Ен-Ен идентификуваше вкупно 115 нови возила во базата, кои не беа видени на претходните сателитски снимки.
Ова е првпат да се видат силите на Вагнер по нивниот неуспешен обид за државен удар во јуни. Кон базата вчера попладне се движеа уште две вагнерски конвои.
Анализата на Си-Ен-Ен на видеата објавени на социјалните мрежи откри дека конвоите, исто така со возила со знамиња на Вагнер, биле запрени на две локации долж главниот руски автопат кој се движи западно кон Белорусија.
Потврдена е автентичноста на снимките
Си-Ен-Ен ја лоцираше и ја потврди автентичноста на снимката. Еден конвој содржи најмалку 109 возила, а другиот најмалку 96 возила. И двете содржеле десетици цивилни автомобили и камиони, како и комбиња, автобуси, возила за транспорт на течности и приколки, како и големи воени камиони.
Архивските сателитски снимки кои претходно ги прегледа Си-Ен-Ен покажуваат десетици шатори подигнати во базата, која е празна со години, само неколку дена откако основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин го задуши бунтот минатиот месец.
Белорускиот лидер Александар Лукашенко тврди дека посредувал во договорот меѓу Пригожин и рускиот претседател Владимир Путин. Оттогаш, Лукашенко ги покани силите на Вагнер во Белорусија за да помогнат во обуката на неговата војска. Сегашната локација на Пригожин сè уште не е позната.