Шумските пожари се уште се активни во Грција, јавува Анадолија.
Силниот ветер и високите жештини им ја отежнуваат ситуацијата на екипите на теренот.
Во регионите Лутраки, Анависос и Саронида, каде изгореа многу куќи, пожарот се прошири и на населените места.
Во регионот Дервенорија, на околу 40 километри од Атина, битката со огнената стихија траела цела ноќ.
Официјални лица изјавија дека пожарот постојано расте поради силните ветрови во областа.
Во Дервенорија изгореа илјадници хектари шума.
Претставници на грчката противпожарна служба соопштија дека во гаснењето на пожарот се вклучени хеликоптер, шест противпожарни возила, 140 пожарникари и 48 возила.
Грчката метеоролошка служба предупреди и дека опасноста од пожар и денеска е голема.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас изјави дека вчера избувнале шумски пожари на 81 локација.
Кикилијас изјави дека во врска со пожарите се приведени две лица.