Во рускиот ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта, оштетена е „пристанишната инфраструктура“, соопштија локалните украински власти. Нападот на Одеса беше неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито.
Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море во Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна команда за југот на земјата.
Украинската противвоздушна одбрана ги уништила проектилите, но остатоците од проектилите „оштетиле пристанишна инфраструктура и неколку приватни куќи“.
Руската воздушна одбрана собори синоќа 28 украински беспилотни летала над Крим, соопшти руското Министерство за одбрана „Седумнаесет украински беспилотни летала се уништени од воздушната одбрана“, соопшти Министерството на Телеграма, додавајќи дека „неутрализирани се уште единаесет беспилотни летала“.
Како што се наведува, нема жртви или материјална штета.
Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, е редовна цел на напади со беспилотни летала од почетокот на офанзивата против Украина во февруари 2022 година.