More

    Руското повлекување од договорот за жито со Украина ќе донесе глад во светот

    spot_img

    Милиони луѓе кои се соочуваат со глад ќе ја „платат цената“ за одлуката на Русија да се повлече од договорот за жито со Украина, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој наласи дека потегот на Москва „ќе им нанесе удар на луѓето кои имаат потреба“.

    -Стотици милиони луѓе се соочуваат со глад, а потрошувачите се соочуваат со глобална криза на трошоците за живот. Тие ќе ја платат цената, рече Гутереш.

    Шефот на ОН додаде дека длабоко жали за одлуката на Русија, но додаде дека таа нема да ги спречи напорите на светската организација да „го олесни непречениот пристап“ до глобалните пазари на храна и ѓубрива од Украина и Русија.

    -Нашата цел мора да продолжи да биде унапредување на глобалната безбедност на храната и глобалната стабилност на цените на храната.Ова ќе остане во фокусот на моите напори, земајќи го предвид порастот на човечкото страдање што неизбежно ќе произлезе од денешната одлука, рече тој.

    Гутереш изрази жалење што писмото што му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела со нов предлог за одржување на иницијативата во живот „не било земено предвид“.

    Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, денеска соопшти дека одлуката за раскинување на договорот за жито е конечна.

    „Да, одлуката е конечна“, им изјави Полјански на новинарите во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img