Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити.

Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.

„Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење“, напиша Реџепи.

Инаку, Изет Меџити, еден од членовите на досегашната фракција внатре во ДУИ и пратеник, за МИА потврди дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење.

– Сѐ уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните – изјави Меџити за МИА.

Share This Article