More

    ПОЖАРНИКАРИТЕ НЕМААТ ДЕРМАН ОД НАСИЛНИЦИ!

    spot_img

    Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) најостро реагира против насилството и насилниците кои често ги напаѓаат пожарникарите при вршењето на работните задачи во заштитата и спасувањето на граѓаните при противпожарните интервенции и други несреќи.

    „Бараме надлежните органи строго да се заземат во одбрана на нашите колеги, при што виновниците за физичките напади да бидат најстрого санкционирани. Апелираме до граѓаните да учествуваат во одржувањето на редот и мирот при реализацијата на нашите интервенции, имајќи предвид дека нашата бројност во територијалните противпожарни единици во моментов е најниска, иако се соочуваме со најсложени и многубројни интервенции на дневна основа“ – се вели во реакцијата на НСПМ.

    Пожарникарите бараат Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, локалните самоуправи, како и другите надлежни органи. да помогнат во справувањето.

    проблемите на противпожарната служба и да им ја олеснат работата, во рамките на нивните надлежности, како и да не заштитат пожарникарите од негативните активности на поединци и групи.

    „И онака сме малку пожарникари во државата, а со нападите кон нас и физичките повреди кои ни се нанесуваат, и така малиот број на активни пожарникари се намалува дополнително. Изразуваме благодарност до сите доброчинители кои во изминатиот период на разни начини, секој во рамките на своите можности, се обидуваат да помогнат во подобрувањето на состојбите, а со тоа и во обезбедувањето на подобра противпожарна заштита на граѓаните“ – се вели во соопштението на синдикатото на пожарникарите.

    Според полицискиот билте вчера биле уапсени двајца Скопјани, Б.Б.(26) и И.З.(46), затоа што истиот ден рано изутрината, околу 02.20 часот на ул. Костурски херои физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата.

    Според синдикатот на пожарникарите, изминатата недела имало и други вакви инциденти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img