Семејство од тројца се нашло токму на Кримскиот мост со својот автомобил одејќи на одмор во времето на синоќешната експлозија која го потресе целиот свет, а за кој Кремљ и Киев се обвинуваат меѓу себе. Таткото и мајката, Наталија(36) и Алексеј(40) загинале, а нивната ќерка преживеала бидејќи излетала од шофершајбната. Таа е тешко повредена и е вистинска среќа што останала жива.
Веста меѓу првите ја објави каналот Меш на Телеграм кој објави видео во кое се гледаат остатоци од автомобилот.
Ројтерс пишува дека Наталија и Алексеј 16 години биле во брак. Агенцијата Ар-Би-Си напишала дека на мостот се слушнале две експлозии.
Мајката Наталија работела во пограничниот град Белгород, од руската страна на границата, кој често беше напаѓан. Нејзина колешка од Одделението за образование каде работела вели:
– Беше многу добра, љубезна и паметна личност. Сега ни е многу тешко да зборуваме за сето тоа. Сè уште не можеме да го разбереме и да го прифатиме тоа што се случи, сè делува како сон – рекла колешката.