Украинско разузнавање: Кримскиот мост е излишна структура, Русите ќе имаат проблеми

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A view shows the section of a road split and sloping to one side following an alleged attack on the Crimea Bridge, that connects the Russian mainland with the Crimean peninsula across the Kerch Strait, in this still image taken from video released July 17, 2023. Сrimea24tv/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. MANDATORY CREDIT.

- Advertisement -
Ad image

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека поради оштетувањето на мостот на Крим, Русите ќе имаат проблеми со логистиката.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Андриј Јусов изјави дека мостот е „излишна зграда“ и дека службата нема да го коментира инцидентот утринава на мостот на Крим во кој загинаа две лица, а едно дете беше повредено.

„Сега целиот свет може да ги види километрите сообраќаен метеж и оштетувањето на структурата на мостот. Што се однесува до дополнителни коментари во врска со инцидентот, нема да има. Можам само да ги цитирам зборовите на шефот на ГУР, Кирил Буданов, дека мостот на Крим таму е непотребна градба“, напиша Јусов на Твитер.

Тој додаде дека Русите го користат Крим како главен логистички центар за префрлање сили и опрема длабоко на територијата на Украина и дека поради оштетувањето на дел од мостот „ќе има проблеми со логистиката“.

Сообраќајот е прекинат на главниот мост што ги поврзува Крим и руската област Краснодар по инцидентот, соопштија утринава руските власти.

Соопштено е и дека во инцидентот е повреден и малолетник.

Share This Article