More

    Дали е во тек масовно прислушување во Македонија, прашува опозицијата

    spot_img

    Нов скандал ја тресе владата на Димитар Ковачевски и Али Ахмети со масовно прислушување на македонските граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

    „Откако ВМРО-ДПМНЕ информираше дека директорот на ОТА извршила незаконска набавка на опрема за прислушкување без дозвола од МВР и почитување на Правилникот на Агенција, а за истото Ковачевски како премиер мора да даде согласност, владата на СДС и ДУИ ја тресе нов скандал“ – се вели во соопштението.

    Имено, медиумите пренесуваат дека сега македонската ОТА имала нацрт договор со грчката разузнавачка служба за користење на нелегален софтвер за прислушување наречен Предатор.

    Според тие информации дури и шефот на тајната полиција на Грција потврдил дека постои драфт договор за користење шпионски софтвер со македонската страна.

    Во Грција овој нелегален софтвер се користел за прислушување грчки политичари, новинари и бизнисмени.

    Го прашуваме Ковачевски дали целта му е преку преслушување на политичките опоненти, антивладини новинари и луѓе од бизнис заедницата кои ги критикуваат штетните политики на владата да ги уценува и да им се заканува? Уште во какви други криминални дејствија е вмешана владата на СДС и ДУИ?

    Ковачевски свесно ја нарушува приватноста на граѓаните и го крши уставните право на слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење и правото на приватност.

    ЈО наместо да работи под директива на Ковачевски, веднаш да реагира и да отвори истрага со која ќе испита зошто е набавена опрема за прислушување спротивно на законите и процедурите, и зошто ОТА имала драфт договорот со грчката разузнавачка агенција за користење на нелегален софтвер за прислушкување“ – се вели во соопштението на опозициската партија.

    Според ВМРО-ДПМНЕ ова е скандал од невидени размери. Партијата порачува дека Владата на СДСМ и Ковачевски ќе одговора за злосторничко здружување, за масовно прислушување на граѓаните и злоупотреба на службена положба и институциите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img