More

    Промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините

    spot_img

    Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините што беше инициран од „Отворен Балкан“.

    Овој систем ќе овозможи брзо поминување на патарините во Македонија и Србија, при што граѓаните кои веќе го користат М-таг системот ќе можат со регистрација во конкретниот систем инициран од „Отворен Балкан“ непречено, автоматски да ги поминуваат патарините во соседната држава.

    Според премиерот Ковачевски, ова е најдобра потврда дека „Отворен Балкан“ е иницијатива која, како што рече, дава резултати, функционира и луѓето ја сакаат.

    – За само три месеци српски и македонски инженери успеаја да го направат решението за единствена електронска наплата на патарината. До следниот петок ќе биде направено решението за товарен сообраќај, рече премиерот.

    Ковачевски ја истакна важноста на соработката со Србија во однос на размена на производи, услуги и работна сила и посочи дека во иднина ќе се работи токму на тоа.

    -Ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија, рече Ковачевски.

    Премиерот потсети и дека бројот на туристи кои во текот на изминатите две години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан.

    Проектот беше инициран во рамките на Отворен Балкан, а како што информираше Марјан Забрчанец, националниот координатор за „Отворен Балкан“, во него ќе се приклучи иАлбанија во моментот кога ќе го инсталира системот на своите патарини.

    Во  Македонија, согласно податоците од ЈПДП од јуни годинава, има околу 20 илјади возила со инсталиран М-таг, додека во Србија повеќе од 500 илјади возила имаат инсталирано М-таг и сите тие ќе бидат во можност, со регистрација на заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините, да можат непречено да поминуваат на наплатните рампи кои што автоматски ќе го регистрираат нивниот таг.

    Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута. Единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите, а новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи.

    Предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img