Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на Вимблдон за титулата најдобар на најпознатиот тениски турнир. Финалето на лондонскиот Грен слем започнува во 15 часот, а на тест против актуелниот најдобар во светот, Ѓоковиќ може да собори голем број рекорди.
Победникот од мечот следната недела ќе стартува како најдобар тенисер на АТП ранг-листата и ќе го зголеми бројот на освоени Грен слем титули. Доколку Алкараз победи, тоа ќе биде втора ваква титула за шпанскиот тенисер, победник на УС Опен во 2022 година, додека Ѓоковиќ би продолжил да ги поместува границите со титулата.
Српскиот тенисер веќе е рекордер по бројот на освоени титули во ГС, а евентуален триумф на Вимблдон би бил негова 24. ваква титула. Рафаел Надал има 22, а Роџер Федерер 20. Доколку успее да ја освои 24. Грен слем титула, Ѓоковиќ ќе го израмни апсолутниот тениски рекорд. Имено, Маргарет Корт освоила исто толку од нив, во периодот од 1960 до 1973 година.
Го фати рекордот на Федерер на Вимблдон
Понатаму, Ѓоковиќ денеска ќе игра во своето 35. Грен слем финале против 15 години и 348 дена помлад тенисер и со тоа уште еднаш ќе ги испише страниците на тениската историја. Тој во моментов е изедначен со Крис Еверт со 34 настапи во натпреварите за титулата во ГС.
Доколку Алкараз победи, Ѓоковиќ ќе се израмни со Федерер по бројот на титули на Вимблдон. Таму легендарниот Швајцарец осум пати ја освојуваше титулата. Исто така, Ѓоковиќ, роден на 22 мај 1987 година, би можел да го собори рекордот на Федерер и да стане најстар со титулата таму.
Победата му носи рекордна 390-та недела на врвот на АТП-листата.