Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Алјаска. Издадено е предупредување за цунами во некои делови на американската сојузна држава.
Земјата се затресе во 8:48 часот по средноевропско време, во областа на полуостровот Алјаска, северозападно од американската сојузна држава Алјаска, пренесува Ројтерс.
Според USGS, епицентарот на земјотресот бил на 21 километар од брегот на Алјаска на длабочина од девет километри. Во моментов нема извештаи за евентуална штета.
Националниот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за јужна Алјаска и полуостровот Алјаска. За другите делови на американскиот и канадскиот брег во Северна Америка, нивото на опасност од цунами сè уште се утврдува.
Алјаска е дел од сеизмички активниот огнен прстен на Пацификот. Во март 1964 година го потресе земјотрес со јачина од 9,2 степени. Тоа беше најсилниот земјотрес некогаш регистриран во Северна Америка. Го уништи градот Енкориџ и предизвика цунами во заливот на Алјаска, западниот брег на САД и Хаваите. Загинаа 250 луѓе.