More

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху итно пренесен во болница

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска е префрлен во одделот за итни случаи на медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив откако на кратко изгубил вест, паднал и при тоа ја удрил главата во неговиот дом во Цезареја.

    Кога „силно ја удрил главата во подот“, изгубил свест, објавија израелските медиуми повикувајќи се на медицински извор.

    Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот бил подложен на медицински тестови поради симптоми на дехидратација и дека тој е во добра состојба.

    Повикувајќи се на извори блиски до Нетанјаху, израелските медиуми на хебрејски јазик објавија дека тој претходно се пожалил дека се чувствува лошо.

    The Jerusalem Post пишува дека Нетанјаху почувствувал и болки во градите. Меѓутоа, израелските медиуми јавуваат дека тој бил целосно свесен на пат кон болница, иако не се чувствувал добро.

    „Премиерот Нетанјаху пред кратко време пристигна во Медицинскиот центар Шеба. Тој е добро и му беше извршен медицински преглед“, изјавија од неговиот кабинет.

    Нетанјаху имаше здравствени проблеми и итно беше префрлен во болница и во октомври минатата година, откако доживеа болки во градите. Тој потоа бил отпуштен од болница по нормализирање на наодите. Неколку месеци подоцна, во јануари годинава, израелскиот претседател беше подложен на колоноскопија.

    Нетанјаху (73) е премиер со најдолг стаж во историјата на Израел. Тој е на чело на државата повеќе од 15 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img