Украина го критикуваше бугарскиот претседател Румен Радев за неговите изјави дека Киев е виновен за војната и дека снабдувањето на Украина со оружје само го продолжува конфликтот.
Радев вчера на новинарите им рече дека сака „јасно да стави до знаење дека Украина инсистира на водење на оваа војна“.
-Но, исто така треба да биде јасно дека цела Европа ја плаќа сметката, додаде бугарскиот претседател.
Изјавите на Радев се дел од неговите тековни напори да ја задржи Бугарија надвор од заедничката воена поддршка на Европската унија за Украина. Амбасадата на Украина во Софија денеска преку извесување за медиумите соопшти дека Киев ги прави сите можни напори за да го врати мирот и го отфрли ставот дека снабдувањето со оружје на Украина ја поттикнува и ја продолжува војната.