Граничниот премин Табановце за влез во земјава и граничниот пренин Богородица се вообичаено најфреквентни во овој период од годината.
Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.