More

    Државата им го откажа бесплатното сместување во Визбегово

    spot_img

    Неколку ромски семејства се соочуваат со враќање во состојба на социјален ризик, откако добиле решение од Министерството за труд и социјална политика да го напуштат привременото живеалиште во прифатниот центар во Визбегово. Овие луѓе се сместени во привремените живеалишта од 2018 година, а дотогаш живееја на отворено, под тврдината Кале.

    Семејствата наведоа дека од МТСП добиле известување дека треба да ги напуштат времените објекти најдоцна до 31.03.2022 година и дека во спротивно ќе се изврши нивно присилно иселување. Станува збор за семејства со малолетни деца, кои се вклучени во образовниот процес во училиштето во Визбегово.

    Хелсиншкиот комитет за човекови права минатата недела се обрати до МТСП, со барање за изнаоѓање алтернативно решение за овие семејства, но иако се работи за временски сензитивен проблем, министерството сѐ уште не доставило одговор.

    – Зошто да нѐ бркаат! Од улица нѐ земале. На улица нашите деца да одат да просат пак, или да крадат? Ние не излегуваме од тука – изјави Дудие Асан за медиумите, во име на овие семејства кои ги прават првите чекори кон градење економска независност, но се далеку од можноста да започнат да живеат самостојно, без никаква помош од државата во домувањето.

    Тона Карева, правна советничка од Хелсиншкиот комитет посочи дека со нивното иселување, без притоа државата да направи план на кој начин тие понатаму ќе се интегрираат во општеството, овие луѓе ќе завршат буквално на улица, а децата ќе бидат приморани да го напуштат образовниот процес и ќе бидат изложени на постојан ризик како лица бездомници.

    Целта на сместувањето на Ромите од Кале во привремените живеалишта во прифатниот центар во Визбегово е да им се помогне во нивно вклучување на пазарот на труд, социјална заштита и здравство, обезбедување на документи за лична идентификација, вклучување на децата во образовниот систем и да се изнајде трајно решение за нивно натамошно домување, со крајна цел нивно извлекување од сиромаштија. Нивното иселување во овој момент без ников план за помош при домување барем во одреден период по иселувањето од прифатниот центар, експресно ќе ги врати во сиромаштијата во која живееа со години пред да бидат сместени во прифатниот центар. Овие семејства ќе останат на улица со малолетни деца, со сите ризици кои ги носи бездомништвото и сиромаштијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img