More

    Судот не утврди вина кај поранешниот претседател на Државната изборна комисија

    spot_img

    Поранешниот претседател на Државната изборна комисија(ДИК), Оливер Деркоски, заедно со тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор добија ослободителна пресуда на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје. Судечкиот совет одлучи дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумното сомневање дека обвинетите ги сториле делата за коишто се товарат, пренесува Радио Лидер.
    Деркоски беше обвинет дека ги злоупотребил службената положба и овластување при спроведување на две јавни набавки за спорниот софтвер за изборни резултати, набавки кои го оштетиле Буџетот за 1.3 милиони денари или околу 21.000 евра.

    Според обвинението, тројцата вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img