„Станав татко. Фала ти господе за ова среќа“, напиша сопругот на Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски познат и како Џокер на Фејсбук и откри дека со пејачката станале родители. Следуваа честитки во коментарите. Бебето е машко. Гиговска се породила во приватна клиника во Скопје.
Дедото, татко на Роберт, музичарот Боби Спасенцовски, исто така објави емотивна порака:
„Велат стеблото од лозата многу го сакаш бидејќи ти си го посадил и е само твое. Ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен… Така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав дедо.“
Бременоста на Гиговска беше постојано во медиумите бидејќи таа споделуваше фотографии со голиот стомак како што прават некои ѕвезди во светот. Таа во ист ден(21.01) објави дека е бремена и дека се свршила со Роберт.
Тие се венчаа на 30 април годинава.