Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Манчестер Јунајтед со 300.000 евра поради кршење на финансискиот фер-плеј за периодот од 2019 до 2022 година.
Финансиската контрола на УЕФА донела одлука за висината на казната откако констатирала помали прекршувања на правилата во наведениот период.
Јунајтед е само еден од клубовите кој е казнет поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, кои спаѓаат во доменот на мали претерувања.
Казнета е и Барселона која ќе мора да плати 500.000 евра поради неточно наведени податоци со кои се пријавуваат приходите.
Башакшехир исто така е казнет и ќе плати 400.000 евра бидејќи не ги исполнил поставените цели за финансиската 2022 година.
Коњаспор и Апоел (Кипар) се казнети со по 100.000 евра за слични прекршоци како Јунајтед.