More

    Катастрофални последици од рекордните горештини: Се повеќе мртви во Холандија

    spot_img

    Во вториот квартал од 2023 година, во Холандија починале повеќе од 39.000 луѓе, што е за 1.900 или пет отсто повеќе од просекот за тој период.

    Во текот на трите недели од јуни, забележана е зголемена смртност кај лицата на долготрајна нега и кај постарите граѓани, објави NL times.

    Ова се совпадна со топлотниот бран во земјата, објави холандската статистика (CBS).

    Јуни 2023 година беше најтоплиот јуни од почетокот на мерењата на температурата во Холандија во 1901 година, со температури над три степени над нормалата.

    Во вториот квартал неделно умираат околу 150 луѓе повеќе од просекот.

    Поголемиот број на смртни случаи во вториот квартал делумно може да се припише на епидемијата на грип во Холандија во април, како и на Ковид-19, кој сè уште циркулира во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img