More

    Повторна пресуда за Исмет Гури и Ејуп Алими во „Титаник 3“

    spot_img

    Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно се осудени на затворски казни од по три ипол години во повтореното судење во Основниот кривичен суд Скопје за случајот „Титаник 3“ кое се однесува на уништување изборен материјал.

    Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците. Алими и Гури во „Титаник 3“ се обвиненети дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Случајот го отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО) во 2017 година.

    Првото судење започна во март 2018, а пресудата беше изречена на 31 март 2020 година. По жалба на осудените во јули 2021 година Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда и го врати случајот на почеток.

    Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, а казните се исти како и во првиот судски процес. Странките повторно имаат право на жалба до Апелација, која овој пат ќе одлучува мериторно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img