Повеќе од 170 патници и шест членови на екипажот доживеаја драматични моменти во средата кога нивниот авион, кој патуваше од Северна Каролина до Флорида, се урна при слетување во Санкт Петербург. Пит-Клирвотер во округот Пинелас беше потресен од силни турбуленции, при што беа повредени четири лица, соопшти летачкиот оператор Алегиант Ер.
Двајца патници и две стјуардеси се пренесени во болницата на дополнителна евалуација, иако авиокомпанијата не прецизираше за која болница се работи, пренесува Дневник.хр.
Првиот удар соборил на земја стјуардеса што минувала. Потоа дошло до втор, ненадеен пад кој ги фрлил лаптопите и ја „катапултирал“ соборената стјуардеса во воздух, изјавила патничката Лиза Спригс, пишува Њујорк Тајмс.
„Тоа беше како Матрикс“, рече Спригс, додавајќи: „Гледавме како стјуардесата се разнесе од турбуленциите и лебди веројатно една секунда. Се беше страшно и видов дека две лица се повредени“.
Патникот Пол Харис рече дека неколку луѓе кои не биле врзани за време на летот удриле со главите во таванот, што предизвикало отворање на багажните простори и паѓање на предмети.