Високите температури не се шега, а прегревањето на организмот може да биде фатално!

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Деновиве, кога тропскиот бран стаса и кај нас, а температурите достигнаа рекордно ниво, секој ден можеби и од секој втор човек слушаме како вели дека добил топлотен удар. За среќа, не станува секогаш збор буквално за топлотен удар, но можно е да станува збор за топлотна истоштеност или сончаница. Поимите сончаница и топлотен удар често се мешаат, а всушност, топлотниот удар е поопасен од сончаницата. Најдобро е да гледате на нив како на два различни степени на затоплување на вашето тело. Ако сончаницата не се третира правилно може да доведе до топлотен удар, но не мора и да му претходи.

Сончаницата настанува по прекумерно изложување на телото на сонце, а особено кога се изложени главата и вратот. Почнува со силна главоболка со пораст на телесната температура и може да се појави поспаност и вртоглавица, зуење во ушите и краткотрајно губење на слухот. Најчесто се јавува кај луѓе што долго време се сончаат, а чести симптоми се замор и исцрпеност, додека кај малите деца и кај постарите лица може да се појави и губење на свеста.

Топлотниот удар пак, е состојба која се јавува кога нашето тело ќе се прегрее за релативно краток временски период. Се јавува одеднаш поради прекумерно зголемување на телесната температура и неможноста на организмот да ја одржи температурата во нормални граници.

Симптомите на топлотен удар вклучуваат телесна температура над 40°C, општа слабост, топла и сува кожа без потење, забрзан пулс и дишење, пад на крвниот притисок, вртоглавица, главоболка, гадење, повраќање и понекогаш губење на свеста, што пак може да биде и првиот знак за топлотен удар.

Важно е да се напомене дека топлотен удар може да се појави и поради подолг престој во прегреан автомобил.

Топлотниот удар се дијагностицира со тестови

Топлотниот удар се манифестира со симптоми кои се очигледни за лекарите, но лабораториските тестови сепак можат со сигурност да ја потврдат дијагнозата, да исклучат други причини за симптомите и да го проценат оштетувањето на органите.

Одредени тестови ќе покажат дали има оштетувања на мозокот и на виталните органи.

Тестовите за да се утврди дали некој доживеал топлотен удар се:

- Advertisement -
Ad image

Мерење на ректална температура за да се провери температурата на телото. Ректалната температура е најточниот начин за одредување на температурата на телото и е попрецизна од температурата измерена во устата или на челото.

Тест на крвта за проверка на натриумот или калиумот во крвта и содржината на гасови во крвта за да се види дали има оштетување на централниот нервен систем.

Тест на урината за проверка на бојата на урината, бидејќи таа е обично потемна ако е состојба поврзана со топлина, а исто така се прави и за да се провери функцијата на бубрезите, на кои може да влијае топлотниот удар.

- Advertisement -
Ad image

Тестови за мускулна функција за проверка на сериозно оштетување на мускулното ткиво (рабдомиолиза).

Рентген и други тестови за снимање за проверка на оштетувањето на внатрешните органи.

Како топлината влијае на човечкото тело?

Нашето тело има тенденција да одржува внатрешна температура од 37,5 степени Целзиусови, без разлика дали сме во снежна бура или среде топлотен бран.

Тоа е температурата на која нашите тела се навикнати да функционираат. Но, како што се зголемува живата во термометарот, телото мора да работи понапорно за да не се зголеми неговата внатрешна температура. Ова можеби звучи едноставно, но почнува да го оптоварува телото – и колку се повисоки температурите, толку повеќе телото се напрега. Ако температурата на телото надмине 40 степени Целзиусови, ја губи способноста за ладење и може да доживееме топлотен удар, кој може да биде фатален.

Поголем ризик од срцев удар

При високи температури, крвните садови многу се шират, доаѓа до зголемено потење, а потоа крвниот притисок често паѓа на граници кои се пониски од нормалните. За топлотниот удар е карактеристично токму намалувањето на притисокот. Автоматски мозокот нема доволно крв, се јавува еден вид несвестица, вртоглавица, пациентот се чувствува немоќен, малаксан и слаб, има забрзан пулс, срцето работи понапорно и побрзо пумпа за да продолжи крвта да циркулира низ телото. Но, ако крвниот притисок падне премногу ниско, тогаш до органите не стигнува доволно крв која им е потребна и ризикот од срцев удар е поголем.

За човек кој доживеал топлотен удар најважно е да се сврти на грб и да ги крене нозете, како и да внесува доволно количество течности. Од друга страна, задолжителен е и лекарски преглед.

Какви третмани спроведуваат лекарите ако некој доживее топлотен удар?

Третманот за топлотен удар се фокусира на ладење на телото и враќање на температурата во нормала за да се спречи или намали оштетувањето на мозокот и виталните органи во телото. Во тој случај, лекарот може да ги преземе следниве чекори:

Потопување во ладна вода. Се покажа дека бањата со ладна вода е најефикасен начин за брзо намалување на телесната температура. Колку побрзо можете да се потопите во ладна вода, толку е помал ризикот од смрт и оштетување на органите.

Техники за ладење со испарување. Ако не е можно потопување во ладна вода, здравствените работници може да се обидат да ја намалат телесната температура со испарување. Телото се прска со ладна вода додека топол воздух се дува над вас, предизвикувајќи испарување на водата и ладење на кожата.

Покривање на телото со мраз и ќебиња за ладење. Друг метод е да се завиткате во специјално ќебе за ладење и да нанесете ледени облози на препоните, вратот, грбот и пазувите за да ја намалите температурата.

Земање лекови за запирање на треската. Ако третманите за намалување на температурата предизвикуваат треперење, вашиот лекар може да ви даде мускулен релаксант, како што е бензодиазепин. Треперењето ја зголемува телесната температура, што го прави третманот помалку ефикасен.

Домашни третмани за помош при топлотен удар или појава на првите симптоми

Домашното лекување не е доволно доколку некој доживеал топлотен удар, предупредуваат лекарите. Ако имате знаци или симптоми на топлотен удар, побарајте итна медицинска помош. Други треба да преземат чекори за да го разладат лицето кое има удар додека чека итна помош. Лицето на кое му е потребен итен медицински третман не смее, на пример, да пие течности додека чека итна помош. Ако забележите знаци на болест предизвикана од топлина, обидете се да ја намалите телесната температура и спречете состојбата да напредува до топлотен удар. Во помала опасност од топлина, како што се топлотни грчеви или топлотна исцрпеност, следните чекори може да ја намалат телесната температура:

Седнете под сенка или во климатизиран простор. Ако немате клима уред дома, одете некаде кадешто е ладно, на пример, во трговски центар, кино или јавна библиотека.

Изладете се со влажни чаршафи и вентилатор. Ако сте со некој кој има симптоми поврзани со топлина, изладете го лицето покривајќи го со влажна крпа или прскајќи го со ладна вода.

Насочете го воздухот на вентилаторот кон личноста која не се чувствува добро.

Земете ладен туш. Ако сте на отворено и не сте блиску до засолниште, влегувањето во поток или река, на пример, и ладењето на телото со ладна вода може да помогне да се намали температурата.

Пијте многу течности. Исто така, имајќи предвид дека солта се губи со потење, па солта и водата можете да ги замените со некои спортски пијалаци.

Не пијте слатки или алкохолни пијалаци за да се рехидрирате. Тие можат да ја попречат способноста на телото да ја контролира температурата. Исто така, многу ладни пијалаци може да предизвикаат грчеви во стомакот.

Деновите на топлотни бранови најдобро е да ги поминете дома, со клима, поточно во разладен простор. Пациентите кои земаат кардиоваскуларна терапија треба да го прават тоа редовно, евентуално да ја намалат или зголемат, во консултација со лекар. На пример, некој што има висок крвен притисок, бидејќи крвните садови се шират на висока температура и го намалуваат притисокот, можеби треба да ја намали дозата на лекови.

Фото: Freepik

Share This Article