More

    На Богородица и на Табановце се чека еден час

    spot_img

    На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничните премини Богородица и на Табановце каде задржувањето е околу еден час.

    Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

    Поради асфалтирање, затворени за сообраќај се делницата Велес – Градско од 12 до 22 јули во периодот од 8 до 18 часот и делницата Демир Капија – Давидово од 6 до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот.

    Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 до 22 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 9 до 22 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img