More

    Експертите од Земјоделскиот факултет во Нови Сад од планираат оваа година да ослободат дури 800.000 стерилни комарци увезени од Италија на повеќе од 40 локации во градот

    spot_img

    Експертите од Земјоделскиот факултет во Нови Сад од планираат оваа година да ослободат дури 800.000 стерилни комарци увезени од Италија на повеќе од 40 локации во градот. Причината е позната – ослободувањето на таквите комарци всушност го намалува нивниот број. Дека оваа техника има многу смисла веќе е докажано ширум светот, каде што ослободувањето на стерилни машки комарци ја намалува популацијата на овие инсекти.

    Плусинфо веќе пишуваше дека претходно, на ваков чекор се одлучи и градот Загреб во Хрватска, со бројка од 100.000 комарци.

    Во случајот со Нови Сад се работи за азиски тигрести комарци, мажјаци кои се стерилизираат со зрачење.

    Техниката е успешна затоа што женките се парат само еднаш во животот, а ако тоа биде со стерилен мажјак тогаш нема да имаат потомство.

    Овој метод се користи околу шест децении против штетници во земјоделството, на пример за контрола на медитеранската мушичка. Токму ова овозможува во Валенсија во Шпанија портокалите слободно да растат без да бидат прскани за мушички, односно да не бидат третирани хемиски, па оттука тие се најквалитетени портокали во Европа.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img