Нов гаф на американскиот претседател Џо Бајден можеби и не е гаф. Зборувајќи на самитот на НАТО во Вилнус до својот колега Володимир Зеленски тој во еден миг рече „Володимир и јас“, застана, потоа рече „ова не треба да звучи како да сме толку блиски“ и потоа продолжи со „господинот Зеленски“.
Бајден се поправи по сопствена сугестија, а Зеленски прво се намурти, а потоа се насмеа кисело. Дали блискоста меѓу Бајден и Зеленски се зголеми на самитот или гневниот твит на Зеленски пред самитот дека „апсурдно е што нема одлука за членство на Украина“ ги врати на маса формалностите?
Истовремено, Фокс Њуз пренесе снимка од момент на самитот кога Бајден седејќи со други претседатели на кратко ги затвора очите како да ќе заспие. Тој потоа продолжува со говорот.