More

    Курти се согласи да ги намали полициските сили, но избори ќе има по летото

    spot_img

    Договор со четири точки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово бил постигнат во понеделникот меѓу Мирослав Лајчак, специјалниот претставник од ЕУ за Западен Балкан и Бесник Бислими. ЕУ му дава две недели на Косово да да ги намали полициските сили на северот за една четвртина. Вториот услов е понатаму да биде разгледано дополнително намалување од страна на ЕУлекс и КФОР според безбедносната состојба.

    – Трето, Владата на Косово ќе даде јавна изјава во која ќе го поддржи одржувањето на изборите во четири северни општини. Четвртата е за поканата што ЕУ ќе ја испрати до главните преговарачи за финализирање на секвенцискиот план за Договорот за нормализација – рече косовскиот премиер Албин Курти.

    Курти рече дека четвртина од полицајците ќе бидат распределени на други места во тие општини и ќе си ја продолжат својата работа онаму каде што е најпотребно.

    По летото, според Курти, ќе бидат распишани и нови избори, но во законската рамка.

    – Владата на Косово ќе даде јавна изјава за поддршка на одржување на предвремени избори во тие општини. Тоа ќе се случи по завршувањето на летната сезона и секако со целосно почитување на законската рамка. Но, за да се постигне ова, неопходно е да се создаде средина што овозможува вистинска кампања, политички плурализам, учество на локалните заедници и што гарантира неповредливост на гласот. Не можеме да правиме компромиси со владеењето на правото бидејќи тоа сериозно би ја поткопало демократијата – вели Курти.

    Тој очекува дека договорот со ЕУ ќе влијае на укинување на санкциите против Приштина.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во врска со ова изјави дека одлуката на Владата на Косово да го намали полициското присуство ќе биде причина да се обвини Србија.

    – Сега ќе видите уште еден трик што некои луѓе од Запад се обидуваат да го спроведат. А тоа значи дека ќе речат – вратете се и зборувајте нормално. Деескалација е кога ќе се повлечат 25 проценти од нешто? Господ знае што значи ова, но тие бараат причина да ја обвинат Србија – рече Вучиќ.

    Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика Косово и Србија да го спроведат планот за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

    – Постои многу јасен и посветен план за деескалација, на кој работеа двете страни претходно оваа година. Ова е апсолутно важно за да се оди напред на мирен начин. И јасно е дека двете страни треба да го исполнат договореното – рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img