More

    ПО ПОЖАРОТ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР, ПРИТВОРЕНИТЕ ДОБИЈА „ПРЕКОМАНДА“

    spot_img

    Вработените во битолскиот затвор отпрво се обиделе сами да го изгасат пожарот, што избил вчера во притворското одделение, но не успеале, па веднаш ги евакуирале притворените лица – пишува Управата за извршување санкции во својта официјална информација за пожарот во битолскиот затвор.

    „На ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати се обиделе самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, противпожарна служба и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.

    Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од Установата.
    Сите притворени лица, согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.

    Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот“ – се вели во соопштението на Управата.

    Според неофицијални информации кои дојдоа до медиумите, пожарот бил намерно предизвикан од еден од притворениците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img