Во мај најголем број на туристи во земјава дошле од Турција 16.412 и од Србија 8.643. Следуваат Германија со 4.042 и Хрватска со 4.004 туристи. Блису 3.000 гости имало од САД – 2839, а повеќе од 2ооо туристи имало и од Грција, Холандија и Полска.
Тие најмногу претстојувале во Скопје и покрај македонските езера, а спиеле најмногу во хотели со 4 и со 5 ѕвеѕдички.
Вкупниот број на туристи во мај 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 100.977, од кои 29,4 % се домашни туристи, а 70,6 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2023 година изнесува 199.984, од кои 31,4 % се од домашните туристи, а 68,6 % од странските туристи.
Во периодот јануари – мај 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 29,4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,8 %, а кај странските има зголемување за 45,9 %.
Во периодот јануари – мај 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,6 %, а кај странските има зголемување за 31,9 %.