More

    Немири во Франција: барањата за отштета достигнаа речиси 650 милиони евра

    spot_img

    Како резултат на штетата предизвикана за време на немирите што избувнаа во Франција по смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец при сообраќајна контрола на крајот на јуни, осигурителните компании добија 11.300 барања за отштета во вкупна вредност од околу 650 милиони евра, соопштија надлежните органи. Голем дел од штетата е причинета на имотот на локалните власти.

    Во врска со немирите во Франција, жртвите поднеле 11.300 барања за обесштетување, објави Флоренс Лустман, шеф на здружението на француските осигурителни компании, а нивната вкупна вредност ја процени на 650 милиони евра. Според здружението, околу една третина од штетата е причинета на имот на локалните власти.

    Минатата недела Лустман ја процени сумата на најмалку 280 милиони евра, нагласувајќи дека очекуваат уште многу побарувања за обештетување. Претходно, на почетокот на месецот, францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер ги повика осигурителните компании да го продолжат рокот за пријавување штети, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Во неколку француски градови избувнаа протести и немири по смртта на 17-годишник со алжирско потекло, кој беше застрелан од полицаец за време на сообраќајната контрола во париското предградие Нантер на крајот на јуни. Тој е обвинет за убиство со умисла и е во притвор. Во екот на немирите, француската полиција уапси околу 1.300 луѓе во една ноќ. Демонстрантите запалија илјадници автомобили и предизвикаа материјална штета на повеќе од 1.000 згради. Тие нападнаа и повеќе од 250 полициски станици низ целата земја.

    Минатиот викенд, во светло на тековните протести против полициското насилство, владата во Париз донесе декрет за забрана на пиротехнички средства пред претстојниот празничен викенд. На 14 јули се одбележува годишнината од падот на Бастилја во Франција. Забраната ќе важи до и заклучно со 15 јули, но нема да важи за професионалци или општини кои сакаат да палат огномет на празникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img