Невремето во Загреб во средата наутро собори околу 15 дрвја во некои делови на градот, соопшти Јавната противпожарна станица во Загреб, а сообраќајот на трамвај на некои линии беше во прекин поради силниот ветер и скршените гранки од дрвјата.
Дождот пропратен со силен ветер искрши голем број дрвја на подрачјето на Медвешчак, Максимир, Горњи град, Центар, Пешченица, Нови Загреб и Медведница, пренесува Хина.
Јавната противпожарна станица на Град Загреб била повикана на околу 15 интервенции за отстранување на паднатите дрвја и гранки. Силниот ветер го однел лимениот покрив на зградата во месноста Кустошија, информираат пожарникарите чии екипи се на терен.
Поради силниот ветер во некои делови од градот и скршените гранки од дрвјата, во прекин беше и сообраќајот на трамвај на некои линии.
Поради пад на краци на напонската мрежа во Улица града Госпица, линиите 2, 3 и 13 се скратени до Хајнзелова, а патниците со автобуси се превезуваат од Хајнцелова до Савишќе, извести загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ).
Во прекин е и автобуската линија 140 поради паднато дрво на Сљеменска цеста.
Повторно е воспоставен трамвајскиот сообраќај на релација Дубрава – Кватерников трг, кој беше во прекин поради пад на крак на напонската мрежа на Максимирска цеста, а на Јуришиќев повторно работат линиите 11 и 12.
Екипи и пожарникари дежураат на терен, а интензивно се работи на отстранување на пречките и обновување на сообраќајот, пренесе ЗЕТ, пишува Хина.