More

    ИНТЕНЗИВНИ ПОДГОТОВКИ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

    spot_img

    Интензивно се одвиваат активностите за подготовка на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август.

    На координативен состанок кој се одржа денеска, претставниците на охридските клубови за водени спортови информираа за деталите за сите 17 спортски настани кои се предвидени во рамки на официјалната програма.

    Како пропратен дел на фестивалот планирани се и голем број социјално-забавни настани на повеќе локации во градот, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други културни и едукативни содржини.

    Во финална фаза е и подготовката на официјалната веб страница на Ohrid Water Festival на која ќе бидат поместени сите информации и детали за времето и местото за организирање на десетте фестивалски денови.

    Фестивалот е под целосно покровителство на Општина Охрид, а неговата основна цел е промоција на водените спортови, афирмација на уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img