More

    Евробарометар: Довербата во ЕУ е најниска во Србија, највисока во Албанија

    spot_img

    Нивото на доверба во ЕУ значително порасна од минатата година во повеќето земји кандидати за членство, со највисоко ниво во Албанија, а најниско во Србија, покажува новото истражување на Евробарометар.

    Податоците покажуваат дека 77 отсто од испитаниците во Албанија имаат доверба во ЕУ или шест процентни поени повеќе отколку во истражувањето од почетокот на годината.

    Следува Босна и Херцеговина, каде 57 отсто од анкетираните граѓани имаат доверба во ЕУ, Црна Гора со 54 отсто, Северна Македонија со 48 отсто, Молдавија со 44 и Турција со 41 отсто.

    Во Србија 32 отсто од граѓаните имаат доверба во ЕУ, што е за два процентни поени повеќе отколку во јануари/февруари, додека оние со спротивно мислење се за 61 отсто или еден процент повеќе.

    31 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било добро за Србија, 32 отсто сметаат дека би било лошо, додека 36 отсто сметаат дека не би било ниту добро ниту лошо.

    Во исто време, нешто повеќе од половина од испитаниците во Србија (54 проценти) сметаат дека Србија ќе има корист од членството во ЕУ.

    На прашањето каква слика имаат генерално за ЕУ, 33 отсто одговориле позитивно, 36 отсто негативно, а 31 отсто неутрално.

    Кога станува збор за војната во Украина, 68 отсто од српските граѓани сметаат дека тоа ќе има сериозни економски последици за земјата, додека 83 отсто од испитаниците го мислат истото на ниво на ЕУ.

    Исто така, 67 отсто од испитаниците во Србија не се согласуваат со воведувањето санкции против руската влада, компании и поединци, а 74 отсто не се согласуваат со купување и испорака на воена опрема за Украина.

    Анкетата за пролетниот Евробарометар беше спроведена во јуни, на репрезентативен примерок од членки и кандидати на ЕУ.

    Во Србија биле интервјуирани 1.019 граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img