More

    Франција и Германија одобрија значителна воена помош за Украина

    spot_img

    Франција одлучи да ѝ достави на Украина ракети со долг дострел за да може да се брани од руски напади, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон во пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.

    – Решив да ги зголемам испораките на оружје и опрема за Украина, за да им овозможам да вршат напади длабоко на територијата. Во исто време, ние се придржуваме до нашата доктрина, која има за цел да и овозможи на Украина да ја брани својата територија – рече тој.

    Германската Влада, пак, денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра.

    Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана.

    Се додава дека помошта вклучува и дополнителни 20.000 парчиња артилериска муниција и 5.000 димни гранати од 155 милиметри.

    – Новиот пакет ги исполнува приоритетите на Украина: противвоздушна одбрана, тенкови, артилерија… со него даваме важен придонес за зајакнување на отпорноста на Украина – изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img