More

    Израелците ги блокираа автопатиштата низ земјата во знак на протест против судските реформи

    spot_img

    Противниците на планираната судска реформа на Владата на Израел денеска ги блокираа автопатите кои водат кон Ерусалим, Хаифа и Тел Авив на почетокот на демонстрациите низ земјата.

    Протестите почнаа утрово откако израелскиот парламент (Кнесет) во прво читање ја усвои одредбата од законот со која ќе се ограничи овластувањето на Врховниот суд на Израел да ги разгледува владините одлуки.

    Ова е само една од одредбите предложени од ултранационалистичките и ултраортодоксните еврејски сојузници на Нетанјаху.

    Предложените измени во судството се спроведуваат и покрај големото противење.

    Реформскиот план предизвика неколкумесечни демонстрации на противниците кои предупредуваат дека земјата се турка во авторитарна власт.

    Активистите повикаа на протести денеска цел ден, а демонстрантите да се соберат пред главниот меѓународен аеродром во Израел Бен Гурион, во близина на Тел Авив, што може да го попречи патувањето.

    Во вторникот, 300 резервисти од воената сајбер единица потпишаа писмо во кое предупредуваат дека нема доброволно да се пријават за служба, велејќи дека владата покажала дека е „решена да ја уништи државата Израел“.

    „Чувствителните сајбер способности со потенцијал да направат штета не смеат да ѝ се дадат на криминална влада што ги поткопува темелите на демократијата“, напишаа резервистите.

    Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите додека го блокираа главниот пат кон Ерусалим.

    Неколку лица се уапсени поради попречување на сообраќајот во близина на градот Модиин во централниот дел на Израел.

    Демонстрантите го блокираа главниот автопат во Хаифа со голем транспарент на кој пишуваше „Заедно ќе бидеме победници“.

    42 лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.

    Лидерот на синдикатот на Хистадрут, Арнон Бар-Давид се закани со можен генерален штрајк што ќе ја парализира економијата на земјата.

    Тој го повика Нетанјаху „да го запре хаосот“.

    Хистадрут повика на генерален штрајк во март кога владата се обиде да спроведе реформски план по неколкунеделни протести.

    Во тоа време, голем дел од израелската економија беше парализирана и тоа влијаеше на Нетанјаху да го замрзне спроведувањето на планот.

    Во јуни, израелскиот лидер одлучи да продолжи со спроведувањето на реформата, откако преговорите со опозицијата за компромис не успеаја.

    Сојузниците на Нетанјаху предложија низа промени во судскиот систем со цел да се ослабат, како што тврдат, прекумерните овластувања на неизбраните судии.

    Тие промени вклучуваат давање на сојузниците на Нетанјаху контрола врз назначувањето на судиите и на парламентот овластување да ги поништи судските одлуки.

    Владата на Нетанјаху е најдесничарската во историјата на Израел.

    Таа положи заклетва на крајот на декември по петтите избори за помалку од четири години.

    Критичарите на реформата предупредуваат дека таа ќе го поткопа чувствителниот систем на контроли и рамнотежи и ќе ја концентрира моќта во рацете на Нетанјаху и неговите сојузници. Велат и дека Нетанјаху има конфликт на интереси.

    На реформата се спротивставија многу делови од израелското општество, вклучително и резервни воени офицери, деловни лидери и членови на ЛГБТК+ заедницата и други малцински групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img