Во текот на ноќта Русија изврши воздушен напад врз Киев само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Литванија, на кој ќе се разговара за безбедносните закани од Москва, пишува Гардијан, повикувајќи се на соопштение на украинската армија.
„Непријателот го нападна Киев од воздух по втор пат овој месец“, рече Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев, во објава на Телеграм.
Попко рече дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги собориле сите беспилотни летала Шахед од иранско производство, лансирани од Русија пред да стигнат до своите цели, но не даде информации за штета или евентуални жртви.
На денешниот самит на НАТО во Вилнус ќе се разговара за последиците од руската инвазија на Украина, а учесниците треба да ги одобрат првите сеопфатни планови на НАТО од крајот на Студената војна за одбрана во случај на руски напад.