More

    Бесими: Постигнавме системско и одржливо решение со синдикатите за платите во државната администрација

    spot_img

     Со постигнатиот договор со синдикатите, 85.000 вработени во државна администрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите ќе добијат покачување од 10% со септемвриската плата, а исто така ќе им биде исплатен к-15 од 10.000 денари, за што ќе се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот во септември, порача  министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување на емисијата 24 Анализа. За граѓанската обврзница, министерот истакна дека има огромен интерес и најави дека за да им се излезе во пресрет на граѓаните ќе се прифатат сите барања кои ќе се достават заклучно утре – 12 јули.

    Министерот рече дека е договорено и воведување на системско решение за редовно покачување на платите во јавниот сектор од 2025 година, како и дека од следната година регресот за годишен одмор ќе се исплаќа во вредност од 30% од просечната исплатена плата. За покачувањето годинава, напомена дека Министерството за фианнсии ќе започне со подготовка на ребаланс со кој ќе се обезбедат средства за покачувањето на платите на администрацијата од септември и исплата на к-15.

    Во однос на граѓанската обврзница Бесими посочи дека граѓаните можат да доставуваат барања уште денес и утре во деловните банки. „Имавме желба да го лансираме овој производ, кој нема за цел да го финансира буџетот. Целта е да се раздвижи пазарот на капитал, да понудиме нов инструмент за граѓаните и да го прошират своето инвестициско портфолио. Тоа е безризична инвестиција, а воведувањето на овој инструмент исто така влијае на намалување на сивата економија, бидејќи ја активира готовината на граѓаните. Исто така, граѓаните со инвестирањето во граѓанската обврзница ќе придонесат во развојот на земјата. Дополнително граѓаните ќе остварат и принос со кој се штити вредноста на парите во услови на висока инфлација“, рече министерот Бесими. Тој истакна дека проспектот на аукцијата е објавен на 600 милиони денари, но доколку има интерес за 15 милиони евра ќе се запише целиот износ. Министерот посочи и дека во текот на годината ќе има и други аукции на граѓански обврзници, соодветно на високиот интерес на јавноста за овој инструмент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img