More

    Само триесетина членови на Спајс се појавија утрово, но порачаа дека нема да застанат

    spot_img

    Утрово во 4.30 околу триесетина членови на четвртиот синдикат Спајс во ЈСП Скопје штрајкуваа пред главната зграда на претпријатието, а додека тие го изразуваа своето незадоволство автобуските линии се движеа по редовниот возен ред.

    Како што беше најавено од страна на организаторите, штрајкот требаше да трае со 12.30 часот, сепак поради малиот број на присутни вработени во ЈСП, по два ипол часа тие одлучија да се повлечат затоа што сметаат дека вработените треба да работат во интерес на граѓаните, а своите барања ќе продолжат да ги бараат во иднина.

    Како што и вчера информиравме нивниот штрајк е поради неусогласувањето на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

    Претседателот на синдикатот Спајс Маријан Поповски рече дека овој штрајк е законски најавен, по претходно поднесените предупредувања до раководството на ЈСП за кои тие не дале одговор.

    Нивното денешно повлекување од штрајкот, според организаторите значи дека тие нема да застанат тука, а за во иднина побараа поддршка од другите три синдикати на вработени во ЈСП Скопје и заедно да се борат за правата на вработените.

    Од јавното сообраќајно претпријатие засега без конкретен одговор. Ова не е прв протест на вработените во ЈСП. Претходно штрајкуваа и приватните превозници поради неисплатен долг кон нив, а и Јавното сообраќајно претпријатие беше во колапс еден ден измината година поради неисплатена плата на вработените во ЈСП.

    фото: Принтскрин/Телма

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img